понеделник, 21 октомври 2024

Македонските фудбалерки загубија од Летонија, баражот останува само сон

Женската фудбалска репрезентација на Македонија доживеа пораз на свој терен од Летонија со 2-1 и со тоа ги загубивме реалните шансите за бараж за Европското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Македонките беа подобри во првото полувреме, но пред одморот Полуховица даде гол за водство на Летонија од 1-0.

Во второто полувреме Македонија ја загуби силата, немаше свежина како во првото полувреме, но на почетокот од судиското продолжение со проектил од далечина на Андонова успеавме да изедначиме на 1-1.

Сепак тоа не беше се, во 96. минута Севчова даде гол за победа на Летонија од 2-1.

Во последното коло Македонија гостува кај Словенија која досега игра совршено, има пет победи од исто толку мечеви, разликата во квалитет е голема па тешко може да се надеваме на чудо кое.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ