петок, 25 октомври 2024

Македонски концепт упати честитка по повод битката кај Радуша

Објавено на

часот

Сподели

„Македонски концепт доколку добие доверба од македонските бранители и граѓани, овој светол ден, овој нов Илинден, ќе го прогласи за национален празник на македонската нација и ќе ги одликува македонските бранители од Радуша со највисоки државни почести!  Битката кај Радуша е најжестоката битка во целата војна 2001 година, која траеше повеќе од 20 часа и во која само 50 Македонски Бранители поразија повеќе од 1000 косовски окупатори и терористи на учк! Интервенираше и авијацијата на АРМ, по што косовската агресија врз суверена македонска територија беше целосно поразена!  Битката за Радуша е исто позната како битка за изворот на вода Рашче за Град Скопје, каде терористите се обидоа да го заземат и да започнат со масовно труење на цивилното население! Беа спречени стотици илјади цивилни жртви од албанскиот тероризам и косовска агресија! Македонските бранители успешно ги одбија сите напади на терористите и на косовската армија, не дозволија отцепување на наша територија, ги поразија и принудија на бегство и примирје! Загинаа стотина албански терористи и косовски окупатори, а ниту еден македонски бранител!“, велат од Македонски концепт.

Оттаму изразуваат благодарност до, како што велат од партијата, сите херои кои застанаа во одбрана на татковината, илинденци – асномци – бранители, сите маченици за Македонија!

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ