четврток, 31 октомври 2024

Каракамишева: Кому му смета уставната обврска за употребата на македонскиот како службен јазик

Последниот случај со директорката на Клиниката за токсикологија и нејзиното непознавање на македонскиот јазик и користење на преведувачи го отвори прашањето за употребата на службениот македонски јазик во државниуте институции. Професорката Тања Каракамишева образложи дека според Уставот, македонскиот јазик е службен јазик на територија на целата држава.

Објавено на

часот

Сподели

„Според Уставот, македонскиот јазик е службен јазик на целата територија на државата. Не знам кому и зошто не му е јасна оваа уставна обврска. Никому, ама баш никому не смее да му се толерира непознавање на македонскиот јазик, посебно ако лицето е вработено на државно работно место. Македонскиот јазик според Уставот е прв и службен јазик во Македонија. Тој е мајчин јазик на мнозинскиот народ во државата и кохезивен елемент на општеството, јазик на кој се разбираат сите граѓани во државата, независно од нивната етничка припадност и нивниот мајчин јазик. Во унитарна држава, каква што (исто според Уставот) е Македонија, треба да постои еден службен јазик и други јазици што се употребуваат. Доколку се дерогираат таа кохезивност и службеност на македонскиот јазик, тогаш како држава и општество одиме кон дезинтеграција и се движиме кон оние идеи што како застрашување лебдат во македонскиот политички простор за бинационалност, федерализација, кантонизација“, вели универзитетската професорка по уставни право Татјана Каракамишева- Јовановска.

Според Законот за употреба на македонскиот јазик (последни излеми во 2023 година) се дефинира каде во јавниот живот и во институциите се задолжителни употребата и познавањето на македонскиот јазик. И според Уставот македонскиот јазик е единствениот службен јазик на територијата на целата држава Македонија. Во одредени состојби во дадени правни акти се употребуваат и други јазици.
Според амандманот 5 од Уставот, „на целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи, службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ