понеделник, 25 ноември 2024

Македонската страна „скржава“ со информации за средбата на Историската комисија со Бугарија

По дводневната средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, што вчера и денеска се одржа во Скопје, од македонскиот дел на комисијата, соопштија протоколарно дека поминала „во позитивен дух и конструктивна атмосфера со динамична и отворена дискусија за прашања од делокругот на работата на Комисијата“.

Објавено на

часот

Сподели

„На средбата се дискутираше за принципите за работа како и за протоколарни и процедурално- технички прашања за работата на комисијата. Комисијата работеше и на усогласување на записниците од претходните средби, а стана збор и за препораките за македонските учебници за VII одделение“, се наведува во соопштението од претседателот на комисијата, проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев.

Наредната средба на комисијата ќе се одржи до крајот на годината во Софија.

Оваа средба на заедничката, македонско-бугарска историска комисија, одржана по подолга пауза во комуникацијата и со нов состав од македонска страна, мина со воздржаност во информациите за јавноста од двете страни. Копретседателот на комисијата, од бугарска страна, Ангел Димитров единствено откри дека била отворена темата за Охридската архиепископија во 11 век, израувајќи надеж дека ќе се најде добра волја за заеднички јазик со новиот состав на македонскиот дел од комисијата.

Димиторв сепак, истакна дека работата на комисијата не може да почне од почеток, зашто е авршена „страшно многу работа“.

„Треба да го уважиме трудот на оваа комисија“, изјави Ангел Димитров.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ