сабота, 19 октомври 2024

Македонска окупација на Белград – втор дел (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Објавено на

часот

Сподели

Српската престолнина полека, но сигурно се полни со македонски навивачи што во текот на целиот ден пристигнуваат од сите краишта на Македонија. Со сопствени возила, автобуси, возови, со лица обоени во жолто-црвена боја и вооружени со знамиња, шалови и други навивачки реквизити, неколку илјади припадници на македонската фаланга веќе се упатуваат кон „Белградска арена“, каде што ќе се обидат да им ја дадат неопходната поддршка на нашите ракометни јунаци против силните полски ракометари.

Можеби денеска бројката на македонските навивачи на трибините ќе биде помала, но тоа не значи дека тие ќе бидат помалку бучни. Сите што дојдоа во Белград ветуваат едно – максимално оптоварување на гласните жици во обид да се дојде до посакуваната атмосфера.

А, како за загревање за главното, во „Арена“ ечат песните на легендарниот македонски пејач Јонче Христовски што дополнително ја подгрева атмосферата и го зголемува националното чувство кај навивачите што веќе се на трибините.

Од Белград, Златко Крстевски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ