петок, 13 септември 2024

Македонија загуби од Грција во квалификациите за ЕП

Одбојкарската репрезентација на Македонија со 3-1 беше поразена во второто коло од квалификациите за Европското првенство. Прекрасната атмосфера во СЦ „Јане Сандански“ не им помогна на македонските одбојкари да го совладат ривалот.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија тргна одлично, го добивме првиот сет со фантастични 25-15, ништо не наговестуваше катастрофа во продолжението, но тоа се случи.

Наредните три сета им припаднаа на Грците со 25-18, 25-23 и 25-20 за нивна победа од 3-1 во сетови.

Никола Ѓорѓиев со 25 поени беше најефикасен на мечот во нашата репрезентација, Љафтов имаше 15, Савовски 13.

Квалификациите ќе ги доиграме следното лето кога дома ќе ја пречекаме Грузија, а ќе гостуваме кај Грција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ