петок, 4 октомври 2024

Зошто обвинителството уште молчи за криминалот со Еуростандард банка, реагираат група оштетени штедачи

Додека криминалците, оние кои ги украдоа или придонесоа да се украдат парите од депозитите во Eуростандард банка, уживаат со украдените пари, повеќе од три и пол години од отворањето на истрагата, од обвинителството владее молк, реагираат со соопштение оштетени штедачи на пропаднатата банка.

Објавено на

часот

Сподели

„И покрај многуте материјални докази кои требаа да послужат да го исцртаат целиот организиран криминал спроведуван со години во Еуростандард банка, од обвинителството уште владее молк. Ниту има одговорност за некого ниту ништо. Нема ниту одлука од истрагата, а со тоа нема ниту судски процес. Додека криминалците, оние кои ги украдоа или придонесоа да се украдат парите од депозитите во банката, уживаат со украдените пари. Дури и учествуваат во телевизиски програми и дебатни емисии каде ја ‘образуваат’ пошироката јавност.

На неодамнешните претседателски и парламентарни избори јавноста се изјасни дека најголема болка на нашето општество се криминалот и корупцијата. Тие ја уништуваат и сегашноста и иднината. И поради тоа секојдневно гледаме како цели семејства се иселуваат од државата, а особено тоа го прават младите. И како нема да се иселуваат кога има молк од надлежните институции за гонење на криминалот и корупцијата, кои според закон се должни да постапуваат и да ги казнат криминалците.

Еве го случајот со Еуростандард банка – организиран криминал. За пропаѓањето на банката има мноштво сторени кривични дела. Од злоупотреба на службена должност и овластување, преку фалсификување документи, измама, перење пари и други приноси од казниво дело и како резултат на сето тоа, предизвикување стечај на банката. За сите овие дела има мноштво материјални докази. Но, се молчи од надлежните институции. А младите се иселуваат. Срамота и гревота“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ