вторник, 8 октомври 2024

Ѓоковиќ: Можеби последен пат играм во Србија

Новак Ѓоковиќ ги повика навивачите да ја исполнат салата Пионир каде ќе се игра Дејвис куп мечот меѓу Србија и Грција.

Објавено на

часот

Сподели

Српскиот тениски ас поради возраста веќе ги редуцира настапитена турнирите, па вели дека можеби мечот против Грција ќе му биде последен во Србија.

„Победите во Дејвис купот носат поинакво чувство бидејќи зад себе ги имате селекторот, соиграчите и уште ако играте на домашен терен, пред навивачите, не постои поубаво нешто. Претходниот пат пред наша публика играв пред седум години, исто така во Дејвис купот. Ги повикувам навивачите, можеби последен пат настапувам овде“, изјави Ѓоковиќ.

Мечевите меѓу Србија и Грција почнуваат утре од 15 часот, а Грците ќе бидат ослабени бидејќи во Белград не допатува Стефанос Циципас.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ