петок, 18 октомври 2024

Македонија со шест спортисти ќе учествува на Олимпијадата во Париз

Македонската олимписка делегација утре ќе замине во Париз каде од 26 јули до 11 август ќе биде дел од Летните олимписки игри, Македонија на овој голем спортски настан ќе има шест учесници, еден помалку од предвиденото поради откажувањето на пливачката Ева Петровска поради болест.

Објавено на

часот

Сподели

Знаменосци за Македонија ќе бидат атлетичарот Дарио Ивановски и теаквондитката Милијана Рељиќ, која на денешната промотивна прес-конференција најави борба за медал.

„За мене ова е прв олимписки настап што ме прави многу горда. Пред два дена се вратив од 15-дневен тренинг камп, каде што имав тројца-четворица спаринг партнери, кои работеа само со мене и кои ме подготвуваа за потезите што може да ги очекувам од противничките. Сигурна сум дека ќе го дадам максимумот, а се надевам дека со добра ждрепка ќе може да стигнам дури и до олимписки медал“, изјави Рељиќ.

Покрај Ивановски и Ре љиќ, Македонија на Олимписките игри ќе ја претставуваат и Владимир Егоров (борење), Никола Ѓуретановиќ (пливање), Еди Шерифовски (џудо) и Анастасија Мојсовска (спортско стрелаштво).

Покрај спортистите, Македонија на игрите во Париз ќе има судии во три различни спорта и тоа Славе Николов и Ѓорѓи Начевски (ракомет), Анета Павловска (тенис) и Иван Михајловски (триатлон).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ