четврток, 25 јули 2024

Македонија ја претстави инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција на КОП28

Објавено на

часот

Сподели

Целта ќе биде замена на јагленот како енергенс, инсталирање на 1,7 гигавати обновлива енергија до 2030 година, инвестиции во мрежата и складирањето за обезбедување на сигурност во снабдувањето со електрична енергија и праведни преодни мерки за поддршка на заедниците погодени од оваа транзиција.

Бектеши на самитот потенцираше дека за успешно спроведување на процесот на праведна транзиција и севкупната декарбонизација, потребни се значителни инвестиции и прецизно планирање за да се обезбеди сигурност во снабдувањето со електрична енергија. Во овој процес, Македонија е поддржана од Мултилатералните банки за развој и партнерите донатори, а со техничка поддршка од Европската банка за обнова и развој.

д

„Централно место во оваа соработка е поддршката за праведна транзиција, нагласувајќи ја посветеноста на транзицијата која не е само економски исплатлива, туку и социјално праведна и инклузивна, и инкорпорирање на механизми за справување со потенцијалните социјални и економски разлики кои произлегуваат од транзицијата. Помошта за работниците и заедниците погодени од замената на јагленот, овозможувајќи им пристап до нови висококвалитетни зелени работни места и обезбедување локализирани решенија се еден од нашите главни приоритети во текот на овој процес“, рече Бектеши.

Министерот дополни дека инвестициската платформа е во согласност со другите стратешки документи усвоени од Владата, вклучително и Националниот план за енергија и клима, Стратегијата за развој на енергетиката на Македонија до 2040 година, особено во однос на постепено укинување на сите капацитети на електрани на јаглен до 2030 година.

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова на самитот подвлече дека само преку заедничко и партнерско дејствување во спроведување на амбициозно поставени цели е возможна праведна енергетска транзицијата и исполнување на поставените амбициозни национални цели.

д

Претседателката на ЕБОР, Рено-Басо посочи оти се горди што се партнери на Македонија во оваа иновативна платформа предводена од земја, која ги спојува владините обврски, меѓународната поддршка и приватните финансии за да се забрза праведната енергетска транзиција.

Од ЕБОР денеска соопштија дека платформата претставува пресвртница за земјата која е историски зависна од јаглен и ја истакнува нејзината амбиција да го трансформира својот енергетски сектор и економија во ниско-јаглеродна, со пониски трошоци и обезбедување сигурност во снабдување со електрична енергија.

„Ова ќе ја зајакне постојната заложба на Северна Македонија, како што е наведено во нејзините Национални придонески кон климатските промени, за намалување на нето емисиите на стакленички гасови за 82 отсто до 2030 година во споредба со нивоата од 1990 година. Бидејќи енергетскиот сектор значајно придонесува кон емисиите на земјата, каде што јагленот историски претставува над 40 отсто од производството, енергетската транзиција е клучна за постигнување на оваа цел“, посочуваат од ЕБОР.

Како што информираат, транзицијата кон зелена економија ќе резултира со нето економски придобивки, поддржувајќи ја Македонија да влезе во зелените синџири на вредности и да ја зголеми конкурентноста на нејзината економија. Сепак, регионите зависни од јаглен може да бидат нерамномерно погодени. За да се реши ова, платформата ќе поддржи регионална економска диверзификација и развој на човечкиот капитал во согласност со патоказот за праведна транзиција, поддржан од Европската Унија и ЕБОР.

Постигнувањето на овие цели ќе бара значителни инвестиции во земјата, проценети на околу 3 милијарди евра до 2030 година. Тие се очекува да бидат мобилизирани првенствено преку приватниот сектор преку отклучување на пазарните бариери, особено за распоредување на обновливите извори на енергија преку конкурентни аукции.

д

Платформата ќе се заснова на успешна соработка со Климатскиот инвестициски фонд, кој се очекува да обезбеди до 85 милиони американски долари грантови и концесиски финансии за регионите погодени од јаглен, што е предмет на одобрување од страна на Комитетот на Фондот врз основа на подготвениот инвестициски план за забрзана транзиција на јаглен, кој Македонија треба да го достави до февруари 2024 година.

„ЕБОР има намера да го искористи своето искуство од иницијативата за праведна транзиција и нејзината поддршка за енергетскиот столб на египетскиот Nexus за храна, вода и енергија (NWFE), кој беше лансиран минатата година на COP27 во Египет и веќе испорачува значителни инвестиции со 1,8 гигавати ветер и соларен капацитет потпишан во изминатата година“, се вели во соопштението на ЕБОР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ