САД имаат најголеми резерви на злато во светот со 8.133 тони. Втора е Германија со 3.355 тони, а трета и четврта се Италија и Франција со нешто помалку од 2.500 тони. Русија е петта со 2.298 тони, а Кина е шеста со 2.010 тони.
Интересно е што некои богати земји, како Канада и Норвешка, воопшто немаат злато во девизните резерви.
Најголем нето продавач минатата година беше централната банка на Казахстан, која продаде 50,7 тони злато.
Кина со години е еден од најголемите купувачи на злато. Минатата година беше на второ место со 62,2 тони, а убедливо прва беше централната банка на Турција која во 2022 година купи дури 147,6 тони злато.
Глобалната побарувачка за злато минатата година се зголеми за 18 отсто и изнесуваше 4.741 тон.
Според податоците на Светскиот борд за злато, побарувачката на злато во 2022 година беше најголема од 1950 година, откако почнаа да се следат овие податоци.
Македонија има 6,8 тони резерви на злато, Србија има најмногу во регионот – 38,5 тони
Објавено на
часот