недела, 27 октомври 2024
Средба на Блинкен со Османи и Ковачевски

Македонија и САД негуваат продуктивен политички дијалог

Објавено на

часот

Сподели

Со ова започнува учеството на американскиот државен секретар на состанокот на ОБСЕ. Планирано е потоа тој да учествува на неформална вечера која му претходи на Министерскиот совет, кој официјално почнува утре.

„Доаѓам од НАТО што е соодветно бидејќи Северна Македонија е силен сојузник и партнер на САД и на сите сојузници во Алијансата, и тоа секојдневно го гледаме“, изјави Блинкен на средбата со Османи.

Тој истакна дка земјата може да смета на поддршката од Вашингтон во напорите за зајакнување на демократските институции и енергетската диверзификација. 

„Силно ја поддржуваме работата која ја правите за зајакнување на демократските институции. Силно ја поддржуваме и вашата работа за енергетска диверзификација во регионот и пошироко, што мислам дека има голем импакт. Во сето тоа можете да сметате на САД како силен партнер“, нагласи американскиот државен секретар.

Блинкен беше пречекан од премиерот Димитар Ковачевски кој му посака топло добредојде во Скопје.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата, Ковачевски и Блинкен уште еднаш ги истакнаа одличните односи меѓу двете земји и разговараа за поддршката која САД ја даваат во континуитет на Северна Македонија на патот кон членството во Европската унија и спроведувањето на потребните реформи.

„На средбата, премиерот Ковачевски оцени дека двете држави во континуитет негуваат продуктивен политички дијалог, кој е значајно продлабочен преку стратешкото партнерсто на Северна Македонија и САД“, се наведува во соопштението.

Ковачевски и Блинкен, се посочува, изразија взаемно задоволство од започнувањето на Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД, кој се очекува дека ќе ги продлабочи пријателските односи, подобрување на взаемните политички, економски и други форми на дијалог, образовни и културни врски на двете земји.

„САД високо го ценат придонесот на Северна Македонија како НАТО сојузник, но и во регионален контекст како фактор на стабилност на Западен Балкан. Државниот секретар посочи дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат земјата во нејзините следни чекори кои треба да го обезбедат членството во ЕУ и искажа голема почит за храбрите и државнички одлуки кои Владата ги презема за исполнување на таа цел“, се посочува во соопштението.

Државниот секретар, се додава, го поздрави успешното претседавање на Македонија со ОБСЕ и нејзиниот конструктивен пристап во реализацијата на агендата и адресирањето на предизвиците со кои се соочува Организацијата, стои во соопштението.

Американскиот државен секретар Блинкен присуствува на неформалната вечера која му претходи на Министерскиот совет на ОБСЕ, кој официјално почнува утре. Од Скопје Блинкен заминува за Израел.

Во најавата од Стејт департментот за посетата на Блинкен на Скопје се наведува дека тој ќе ја потврди цврстата посветеност на САД кон ОБСЕ и нејзината основна мисија за унапредување на безбедноста, стабилноста и соработката меѓу државите, со посебен акцент на човековите права и мирното решавање на спорови. Секретарот Блинкен, исто така, ќе ја истакне клучната улога на ОБСЕ во унапредувањето на сеопфатната безбедност во регионот и ќе и се заблагодари на Северна Македонија за нејзината лидерска улога.

Блинкен од Скопје доцна вечерва заминува за Блискиот Исток . Состаноците на Лавров за време на Самитот на ОБСЕ во Севрена Македонија ќе бидат утре, наведува дописничката на Гласот на Америка од Стејт департментот. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ