петок, 18 октомври 2024

Македонија го покажа другото лице и со победа над Швајцарија го заврши ЕП

Македонската ракометна репрезентација со победа од 29-27 над Швајцарија го заврши настапот на Европското првенство во Германија.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија со победа стави крај на настапот на континенталниот собир во Германија, триумф со кој го освоивме третото место во групата кое има важност за да добиеме полесен противник во баражот за Светското првенство.

Момците на Кире Лазаров се прикажаа во многу посветло издание отколку на претходните два натпревари и заслужено дојдоа до победата.

Македонија одигра одлично прво полувреме, на крилијата на голманот Мартин Томовски, функционираше целиот тим. Во овој период значително го намаливме бројот на технички грешки за разлика од претходните дуели, нападот функционираше добро и успеавме на полувремето да заминеме со четири гола предност, беше 13-9.

Но, во вториот дел играта не беше иста, неколкупати имавме водство од пет разлика, како одминуваше натпреварот Швајцарците ја топеа нашата предност и се влезе во крајно неизвесна и драматична завршница која имаше среќен крај за нас.

Швајцарија имаше предност од 27-26, следуваа голови на Талески и Јагуриновски за пресврт и предност на Македонија од 28-27 на една минута до крајот. Следуваше одбрана на Мартин Томовски и ти гол на Марко Митев за победа на нашата репрезентација од 29-27.

Марко Митев и Ненад Костески со по пет постигнати гола беа најефикасни во нашата репрезентација, Кузмановски и Пешевски постигнаа по четири, по три запишаа Талески и Јагуриновски. Одличен настап имаше Мартин Томовски кој имаше 12 одбрани. Во составот на Швајцарија убедливо најдобар беше Андре Шмид кој реализираше 12 голови, Зендер постигна осум.

Од Берлин за МКД.мк
Ристе Ѓорѓиевски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ