„Од идната влада очекуваме дела: крај на понижувачките компромиси, активно залагање за правата на Македонците во соседните земји и доследна одбрана на интересите на македонскиот народ.
Во тоа ќе ја имаат целата наша поддршка“, оипува во пораката објавена на фејсбук-страницата на ОМО Илинден-Пирин. На пораката се потпишани и ОМО Илинден, Друштвото на репресирани Македонци во Бугарија, Македонски дискусионен клуб за етничка толеранција, клуб Антички Македонци и Право-заштитен комитет Толерантност.