сабота, 26 октомври 2024

Македонците муслимани веруваат дека Давкова може да нѐ однесе во ЕУ со заштитени македонски интереси

Сојузот на Македонците со Исламска религија, СМИР, упати честитка до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за нејзиниот избор, посакувајќи и плодна и успешна работа.

Објавено на

часот

Сподели

Вашата инаугурација како прва жена претседател на Република Македонија е историски момент кој го поздравуваме со особено задоволство, пишува во честитката.

„Веруваме дека со успех ќе ја водите државата и ќе покажете дека успешно може да се оди и кон Европа но и да се штитат интересите на македонскиот народ и граѓаните на Македонија“, се наведува во честитката потпишана од Латиф Пајкоски, претседател на СМИР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ