понеделник, 25 ноември 2024

Мајката на тинејџерот убиен во Франција: Не ја обвинувам полицијата, туку само тој што пукаше

Објавено на

часот

Сподели

Трагедијата што предизвика три ноќи по ред деструктивни немири повторно разгоре жестока дебата за дискриминацијата и полициското работење во сиромашните, мултиетнички заедници.

Во вторникот младиот тинејџер беше застрелан од полицаец во Нантер, предградие на Париз, бидејќи не го запрел својот автомобил, потсетува Си-ен-ен.

На видеото од инцидентот снимено од случаен минувач се гледаат двајца полицајци како стојат на возачката страна од автомобилот, од кои едниот пукал со пиштол кон возачот иако се чини дека тој не е во непосредна животна опасност.

Полицаецот рече дека пукал од пиштолот од страв дека младиот човек ќе прегази некого со својот автомобил, изјави обвинителот на Нантер, Паскал Праче.

„Јас не ја обвинувам полицијата, обвинувам една личност, онаа која го одзеде животот на мојот син“, изјави Мунија мајката на Нахел, пред камерите на француската телевизија.

“Постојат и други начини да ги извадите од автомобилот. Така да ги убиваме нашите мали. Колку долго ќе трае тоа?” додаде таа.

Обвинителот Праче рече дека се верува дека полицаецот незаконски го користел своето оружје. Официјалната истрага за убиство е во тек, а полицаецот е во притвор, објави БФМТВ соработник на Си-ен-ен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ