петок, 1 ноември 2024

Мајката на момчето што загина во Титан: Отиде за да го урне рекордот во склопување Рубикова коцка

Објавено на

часот

Сподели

Младиот човек се пријавил за Гинисовата книга на рекорди, а неговиот татко Шахзада, кој исто така загина, носел камера за да го сними моментот.

Мајката на тинејџерот и сопруга на Шахзада, Кристин Давуд, како и нивната ќерка, биле на бродот Полар принс, помошното пловило на подморницата, кога се дознало дека комуникацијата со Титан е загубена.

„Бев навистина среќна за нив бидејќи и двајцата долго време сакаа да го направат тоа. Во тој момент не сфаќав што значи тоа, а потоа сѐ тргна наопаку“, изјави Кристин.

Зборувајќи за својот син, Кристин рече дека „Сулеман толку многу ја сакаше Рубиковата коцка што ја носеше со себе насекаде. Рече дека ќе ја склопи на длабочина од 3.700 метри.“

Пет патници загинаа во имплозијата на подморницата за време на патувањето до потонатиот брод „Титаник“, меѓу кои милијардерот Хамиш Хардинг, пакистанскиот бизнисмен Давуд и неговиот син Сулеман, францускиот океанограф и експерт за Титаник Пол-Анри Нарјоле и основачот на Оушнгејт, Стоктон Раш.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ