среда, 11 декември 2024

Мафијата заработува милијарди од туризмот во Италија

Мафијашките организации заработуваат 3,3 милијарди евра од туризмот во Италија, според студијата спроведена од Институтот за истражување на јавното мислење Демоскопика.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Прометот и профитот на мафијата ќе растат и следната година, јубилејна за Римокатоличката црква, со милиони поклоници кои се очекуваат во Рим, како и во 2026 година, кога ќе се одржат Зимските олимписки игри на северот на земјата.

Според истражувањата, мафијашката организација која најмногу профитира од туризмот е калабриската Ндрангета, која заработува повеќе од 1,6 милијарди евра годишно.

Камора, која главно „оперира“ во Неапол и околниот регион Кампанија, заработува повеќе од 950 милиони евра.

Организациите или поседуваат удели во хотели и ресторани или изнудуваат „пари за заштита“ од легитимни компании.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ