сабота, 19 октомври 2024
НБА

Маестрална партија на Адетокумбо, но недоволна за победа (ВИДЕО)

Јанис Адетокумбо имаше брилијантна партија, но немаше поддршка од соиграчите па Милвоки загуби со 112-108 на гостувањето кај Хјустон.

Објавено на

часот

Сподели

Адетокумбо постигна 48 поени, имаше и 17 скокови, но сето тоа не беше доволно за Милвоки да дојде до победа во Хјустон.

Домаќините одиграа одлично прво полувреме кое го добија со 63-43, а потоа до крајот успеаа да го одржат водството за конечни 112-108.

Најдобар во составот на Хјустон беше Турчинот Шенгун кој постигна 21 поен, имаше и 11 скокови.

Резултати:
Индијана – Бостон 101-118
Вашингтон – Њујорк 105-121
Филаделфија – Јута 109-120
Хјустон – Милвоки 112-108

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ