недела, 27 октомври 2024

Лукашенко: Се спремаме за војна, иако не сакаме да војуваме

Белорусија не сака да војува, но веќе се спрема за војна, порача претседателот на таа земја Александар Лукашенко.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не верувајте никому дека сакаме да се бориме. Ние се спремаме за војна, за тоа зборувам искрено. Ако сакаш мир, подготви се за војна – не го смислив јас тоа. тоа е многу точно кажано“, кажа Лукашенко.

Тој напомена дека во земјата се обучуваат единици, а на оружените сили им се испорачуваат разни видови вооружување и опрема.

Истовремено, Лукашенко наведе дека, ако непријателски земји ја критикуваат Белорусија, тоа значи дека земјата прави сè како што треба.

Покрај тоа, Лукашенко истакна дека „Минск никому не му се заканува и не сака туѓа земја“.

Белорусија почна воени вежби во регионите кои се граничат со Украина и со членките на Европската Унија Литванија и Полска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ