недела, 27 октомври 2024

Лукашенко: Напаѓачите од Москва најпрво се обиделе да избегаат во Белорусија

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави денес дека напаѓачите кои во петокот убија повеќе од 130 луѓе во Москва најпрво се обиделе да избегаат во Белорусија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не можеле да влезат во Белорусија. Кога го сфатиле тоа, ја смениле рутата и заминале кон руско-украинската граница“, кажа Лукашенко, се наведува во соопштение на белоруското претседателство.

Претседателот на Русија Владимир Путин вчера изјави дека напаѓачите кои го извршија терористичкиот напад во Москва се радикални исламисти.

За време на викендот кажа дека четворицата напаѓачи се фатени додека се обидувале да избегаат кон Украина, и не ја спомна џихадистичката група Исламска држава која ја презема одговорноста за нападот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ