Борусија Дортмунд мораше да го победи Мајнц, кој на овој меч влезе со четири порази по ред. Славјето веќе беше организирано и требаше да се случи по мечот, но наместо тоа се случи шок.
По првото полувреме Мајнц водеше со 2-0 со голови на Ханч-Олсен и Онисиво, Але промаши пенал за Дортмунд при еден гол негатива.
Во 69. минута Борусија Дортмунд конечно даде гол преку Гереро и намали на 1-2, а Шуле во 96. минута израмни на 2-2. До крајот имаа уште еден напад, но не направија чудо.
И оваа титула отиде кај Баерн Минхен кој со гол на Мусиала во 89. минута дојде до победа против Келн од 2-1.
Баварците поведоа уште во осмата минута со гол на Коман, а Љубичиќ во 81. минута од пенал изедначи на 1-1. Со реми Дортмунд ќе беше шампион, но Мусиала во самиот финиш ја донесе титулата за Баерн Минхен, 11та по ред.
Од Бундеслигата испадна Шалке кој загуби со 4-2 кај Лајпциг, Штутгарт ќе игра бараж за опстанок откако одигра само 1-1 против Хофенхајм. Овој резултат им одговараше на Аугсубрг и Бохум кои се спасија од испаѓање.
Унион Берлин со 1-0 го совлада Вердер Бремен и го сочува четвртото место кое ги води во Лигата на шампионите.