сабота, 26 октомври 2024

Лосон на Сиљановска Давкова ѝ ја предаде честитката од кралот Чарлс Трети

„Како држава особено ја цениме британската поддршка во исполнувањето на стратешката цел – членство во Европската Унија, која продолжи и по Брегзит“, му кажа претседаетлката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова на амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Метју Лосон. Амбасадорот Лосон на Сиљановска Давкова и предаде честитка од Кралот Чарлс Трети по повод нејзиното стапување на функцијата, во која упатува најискрени честитки за нејзиниот избор.

Објавено на

часот

Сподели

„Уверен сум дека ќе го вложите целиот Ваш капацитет за време на Вашиот мандат како претседател за справување со големите предизвици на нашето време, почнувајќи од справувањето со климатските промени до продлабочувањето на евроатлантската интеграција на Северна Македонија. Многу сум задоволен што нашите две земји имаат воспоставено цврсти трговски и безбедносни односи. Оттука, се надевам дека за време на Вашиот мандат како претседател односите, кои се веќе толку блиски, уште повеќе ќе се продлабочат“, се вели во честитката од кралот Чарлс Трети.

На средбата, како што информира кабинетот на претседателката, беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави. Сиљановска Давкова истакнала дека нашата држава придава особено значење на развојот на пријателските односи и соработката со Обединетото Кралство, вклучувајќи го сојузништвото во НАТО алијансата.

Претседателката Сиљановска Давкова посочила на нејзината подготвеност за натамошно унапредување на билатералната соработка со Обединетото Кралство во сите сфери од заемен интерес.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ