сабота, 19 октомври 2024
Уставен суд контра министерот за правда

Лога погрешно ја информира јавноста во врска со Упатство за водење на матичните книги

Објавено на

часот

Сподели

Од Уставниот суд реагираат на, како што велат „невистинитите и неточни тврдења“ искажани од страна на министерот за правда Кренар Лога на телевизија Сител, кој „погрешно ја информира јавноста во врска со т.н. Упатство за водење на матичните книги“.

„Согласно уставната положба која на Уставниот суд му обезбедува да се дистанцира од секаков политички авторитет, Судот укажува дека е недозволиво за член на Владата како носител на извршната власт јавно да ги доведува во заблуда граѓаните со изнесување на произволни констатации и невистини во врска со работењето на Уставниот суд“, се вели во реакцијата на Уставен суд.

Во интерес на зачувување на достоинството и угледот на Судот како единствена институција со такви надлежности, информираме дека Уставниот суд комуницира преку своите акти, но во никој случај не е дел од формалната процедура судот да врши консултација со кој било учесник во постапката и да советува откако ќе биде донесена одлука. 

„Уставниот суд нема надлежност да кажува кои се идните чекори по донесени одлуки, затоа што доносителите на актите имаат обврска да ги решаваат проблемите“, се вели во реакцијата на Уставен суд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ