сабота, 19 октомври 2024
Министерот за правда во акција

Лога науми и постапи – до Уставниот суд достави 10 иницијативи за оценка на објавени прописи

Објавено на

часот

Сподели

„На потег се почитуваните судии од Уставен суд од кои очекуваме да се произјаснат за иницијативите со истата ефикасност, брзина и експедитивност како што постапија за Упатството за матичните книги на минатата отворена седница“, се наведува во соопштението.

Во Иницијативите е наведено дека во изминатиот период воочена е објава на повеќе прописи за кои постои уставна обврска за објава во Службен весник, кои се објавени во спротивност со членот 52, односно не е почитуван уставниот рок од седум дена за објавување на прописите.

Од Уставниот суд исто така се бара по службена должност да ја испита уставноста на прописите за кои не е почитуван уставниот рок од седум дена за нивно објавување.

Инаку, иницијативите министерот Лога ги најави откако Уставниот суд неодамна одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста на Упатството за водење на матични книги во целост и донесе времена мерка со која се забранува изјаснување на етничката припадност во изводите на родени.

ј

„Уставниот суд оцени дека со донесувањето на Упатството од страна на Министерството за правда е направена повреда на член 52 став 2 од Уставот, односно не е испочитуван рокот во кој требало да биде објавено Упатството. Тука ќе ја напоменам важноста на овој основ, бидејќи Уставот не приоѓа на роковите како на техничко прашање, туку на прашање кое длабоко навлегува во уставните гаранции на основните слободи и права, со оглед дека е сместено токму во тој дел од Уставот“, изјави тогаш портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска.

Министерот Лога во врска со случувањата на релација Уставен суд – Министерство за правда и воведувањато на времена мерка и на прашање во врска со наводите дека министерството не го испочитувало рокот за иницијативата и уставниот рок за упатството, тогаш рече:

„Стојам на истиот став. Како и во претходните случаи, така и во овој. Уставниот суд треба да се произнесе за сите подзаконски акти, бидјеќи не е почитуван уставниот рок и не треба да поведуваат иницијатива. Тие добиваат Службен весник и не треба да поведуваат иницијатива за да го кажат нивниот став. Од утре, сите подзаконски акти ќе бидат доставени до Уставен суд од моја страна“.

Уставниот суд на крајот на јуни по сопствена иницијатива оформи предмет за оценување на уставноста на Упатството за изменување и дополнување на упатството за водење на матичните книги. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ