понеделник, 25 ноември 2024

Лога: Министерските места на Вреди стануваат безвредни

Давањето поддршка од страна на Вреди за програмските цели на ВМРО-ДПМНЕ (Програма 1198) преку менување на системски закони со 2/3 мнозинство, создавајќи министерства/ресори за да ги развластуваат Албанците, покажува нивна примерна вазалност, се вели во реакцијата на Кренар Лога, генерален секретар на Алијанса за Албанците и министер за правда.

Објавено на

часот

Сподели

„Создавањето на министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го прави министерот за економија неважен и само декор, односно министер без ресор.

Истото се очекува да се случи и со Министерството за труд и социјална политика, одземајќи ги надлежностите за предучилишното образование, односно градинките, и префрлувајќи ги тие надлежности во Министерството за образование, што ќе направи уште едно министерство водено од Албанци безвредно.

Нема врска друже, здравството не го чепкаат, зборував со Мицко“, се вели во реакцијата на Лога.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ