Повеќе од два часа руски летала ги попречуваа трите американски беспилотни летала што го бараа лидерот на Исламска држава во Сирија, Усама ал-Мухаџир, изјави американски официјален претставник.
Ал-Мухаџир во моментот на нападот возел мотоцикл во Алепо.
Официјалниот претставник рече дека Ал-Мухаџир бил во северозападна Сирија во моментот на нападот, но дека обично дејствувал на исток.
Не е познато како американската војска утврдила дека убиениот е Ал-Мухаџир.
Во денешното соопштение се наведува дека нема индиции дека во нападот загинал некој цивил, но дека деталите сѐ уште се утврдуваат.