вторник, 23 јули 2024

Левица со нова иницијатива до Уставниот суд, за 72-часовната работна недела

Објавено на

часот

Сподели

Донесените одредби се противуставни. Осум часовното работно време е меѓународен стандард, како и дневниот, неделен и годишен одмор загарантирани со Уставот и со меѓународното право.

Со воведување на 72 часовно работно време неделно, ќе се вратиме во едно робовладетелско општество.
Со цел да ги заштитиме работниците, ја доставуваме оваа Иницијатива и се надеваме дека Уставниот суд ќе биде на висина на својата улога и задача во правниот систем и во најкус можен рок ќе одлучи да ги поништи или укине овие одредби.

Се обидовме и во Собранието да превенираме донесување на штетни одлуки во Законот за работни односи, со поднесени над илјада амандмани. Продолжуваме и понатаму да се бориме да се заштити работникот“, соопшти Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ