петок, 18 октомври 2024

Левица: И центарскиот татко молчи пред ДУИ, дивоградбата на „Пластичарска“ никој не ја урива

Објавено на

часот

Сподели

„Имено, вечерта на 23 март, службите на Општина Центар организираа акција за урување на дивоградбата на Пластичарска со интервенција на специјалните единици при МВР. Акцијата беше прекината под притисок на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам под раководство на директорот Фатмир Арифи, кој воедно без објаснување го одзеде предметот од Општина Центар и ги презеде ингеренциите. Центарскиот татко како и останатите функционери на СДС, како и до сега, традиционално ја наведнаа главата пред кадрите на ДУИ и ги замајува центарци со благоглаголиви иницијативи.

Дивоградбата на Пластичарска и покрај издаденото решение за уривање уште од 2017-та година, сѐ уште гордо стои на државни парцели во Општина Центар и само си ја зголемува катноста. А центарските власти креваат раменици дека наводно не знаат кој и како гради, под изговор дека ништо не можат да направат иако во рака го имаат решението и одлуката на Советот за уривање на објектот.

Го повикуваме градоначалникот да ја оспори бесправната одлука на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и да ги преземе ингеренциите во свои раце, како што доликува на една оштина како што е Оштина Центар и да не потклекнува на притисоци и криминални дејствија.

Советничката група на Левица во Советот на Општина Центар за ова прашање во соработка со правниот сектор на партијата ќе изготви соодветни поднесоци за Општина Центар и нема да дозволи крадење и бесправно приватизирање на државно земјиште во Центар“, соопшти Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ