сабота, 19 октомври 2024

Левица бара одговорност од тетовски лекар што издавал медицински извештаи само на албански јазик

Објавено на

часот

Сподели

„Поради ваквото постапување на докторот кој ја прекршил законската обврска за задолжителна употреба на македонскиот јазик, а со тоа го повредил и законското право на пациентите да бидат потполно, разбирливо и соодветно информирани за нивната состојба и резултатите од медицинската процена, Левица поднесе Иницијатива до секторот за управен и инспекциски надзор при Министерството за култура, како и до Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Ова грубо прекршување на низа закони, повреда на правото на пациентите и намерите за спроведување на шовинистичките големоалбански апетити не смее да остане неказнето!“, велат од Левица.

Оттаму го повикуваат Државниот санитарен и здравствен инспекторат да преземе дејствија „со што би се санкционирале и спречиле понатамошни незаконитости и постапувања спротивни на Законот за заштита на правата на пациентите, Законот за евиденциите од областа на здравството, Законот за употребата на македонскиот јазик и Законот за употреба на јазиците“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ