понеделник, 25 ноември 2024

Левица: И апанажите доказ дека СДС-ДУИ-ДПМНЕ-Вреди се широка буржујска коалиција

Уште од пред две години Левица бара укинување на апанажите, но за другите парламентарни партии тоа не е прифатливо па сега за пратениците од претходниот состав, и тоа само за досега потврдените барања од 29 поранешни пратеници од вкупно 57, држаата ќе мора да издвои околу 600 илјади евра, реагира Левица и посочува дека станува збор за земање апанажа во траење од една година и тоа во висина на пратеничка плата.

Објавено на

часот

Сподели

„Покрај енормно високите плати, надоместоците за патни трошоци, бифето кое служи по набавни цени и многу други привилегии, правото на апанажа претставува уште еден доказ дека пратениците се најпривилегираните работници во државава. Наспроти нив обичниот работник одвај врзува крај со крај и не му се почитуваат и оние малку права кои му се законски загарантирани.

Ја потсетуваме јавноста дека на седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата единствено пратеникот на Левица, Борислав Крмов, гласаше против доделување на апанажите.

Исто така политичката партија Левица уште во 2022 година поднесе закон за укинување на апанажата за избраните и именуваните функционери како и предлог закон за воведување на апанажа за работниците. И двата закони кои беа експресно одбиени од страна на широката буржујска коалиција СДС-ДУИ-ДПМНЕ-Вреди“, се вели во реакцијата на Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ