„Претходно постоеше пракса во која пратениците на Левица заедно со пратениците на ДПМНЕ при поднесувањето на амандмани го избегнуваа наметнатото име ‘Северна’, сè додека, тогашниот спикер – Џафери не почна противделовнички да ги фрла амандманите во корпа. Тогаш ДПМНЕ најави дека од позиција на власт, документите во Собранието ќе бидат прифатени со името Република Македонија, но тоа не се случи.
Потсетуваме дека Левица понуди бланко поддршка на ДПМНЕ при изборот на собраниски спикер, токму поради вакви причини, каде ќе можат да се заштитат интересите на Македонија! ДПМНЕ ја одби можноста со гласовите од Левица да избере собраниски спикер кој во собраниските процедури ќе го почитува името на државата и одлучи т.н. Тиранска платформа да ја замени со Косовска платформа и продолжување на процесот за севернизација на Македонија, избирајќи спикер којшто има балистички убедувања“, се вели во соопштението на Левица.