вторник, 26 ноември 2024

Левица бара одговорност за уништување на културното наследство и македонските идентитетски обележја

Осврнувајќи се на Годишниот извештај на Европската комисија, во делот на културата и заштитата на културното наследство, партијата Левица наведува дека со години алармира и преупредува за забелешките наведени во извештајот на ЕК.

Објавено на

часот

Сподели

„ Во Годишниот извештај за напредок на Македонија, во делот за култура и заштитата на културното наследство, Европската комисија особено укажува на недоволната заштита на културното наследство. Исто така, посочуваат и на одложувањето на усвојување на измените на националното законодавство за културата и новата национална стратегија за развој на културата и заштита на културното наследство за периодот 2023-2027, кои впрочем повторно се одложени. Посебно е нотирано дека Министерството за култура треба да обезбеди заштита на културното наследство и да вложи дополнителни напори за зајакнување на институционалниот одговор и меѓуинституционалната соработка за заштита на културни наследства, посочувајќи ја како пример Старата чаршија во Скопје. Ако на нивните белешки коишто укажуваат на системските проблеми се додаде и Ревизорскиот извештај за работата на Министерството за култура каде што отворено се констатира губење и ништење на бројни артефакти од самите државни институции кои треба да се грижат за нив – тогаш нема сомневање дека партиите на власт кои управуваат со овие институции, свесно го уништуваат културното наследство кое е клучен елемент во идентитетската констелација!“, се вели во реакцијата на Левица.

Во обраќањето до јавноста, од Левица наведуваат колку е очигледно дека Министерството за култура во континуитет ги игнорира проблемите и го изостава нивното решавање, иако ова се круцијални прашања кои задираат не само во културата, туку и во идентитетот на нацијата!

„ Министрите на ДПМНЕ, СДСМ и БЕСА кои управуваат со ова Министерство изминативе дваесет години, се директни виновници за состојбата во која се наоѓа културното наследство! Левица, повикувајќи се на Ревизорскиот извештај, како и на извештајот на Европската комисија, алармира надлежните институции да постапат не само во однос на слабостите кои се укажани, туку и да утврдат одговорност за оние кои дозволуваат преку уништувањето на културата да се уништуваат круцијални сегменти на македонските идентитетски одбележја!“, опоменуваат од Левица за поголема грижа за културното наследство и националните идентитетски обележја.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ