Како што пренесуваат медиумите од Франција, инцидентот се случил вчера во вечерните часови, кога Зико се подготвувал да влезе во такси
Во тој момент, едно лице му го одвлекувало внимането на таксистот, а друго лице ги украло торбите и куферите од задниот дел на возилото.
Легендарниот Зико на полицијата и пријавил дека останал без 2.000 евра, 2.000 долари, часовник Ролекс како и дијамантски накит. Вредноста на целиот плен со кои заминале крадците се проценува на околу 500.000 евра.
Полицијата отворила истрага, но се соочуваат со проблем, во моментов не можат да најдат сведоци на случувањата.
Бразилецот Зико важи за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, постигна 370 погодоци во дресот на Фламенго во периодот од 1971 до 1983, и повеќе од 500 во својата кариера.