понеделник, 25 ноември 2024

ЛДП: Мицкоски од нас позајмува реформи, ќе се бориме за една изборна единицa

Либерално-демократската партија „ја поздравува“ најавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар во наредната влада, Христијан Мицкоски, да остане на Одлуката за укинување на економските директори во клиниките и еден Клинички центар.  Воедно потсетуваме дека за истото ЛДП се залагаше и во претходната Влада која веќе има донесено Одлука за имплементација, велат од ЛДП и најавуваат продолжување на нивната борза за една изборна единица.

Фото: Моника Зајкова

Објавено на

часот

Сподели

„Се работи за позајмица на една од програмските определби на ЛДП, која е дел од мноштвото партиски програми за која партијата активно се залага, истакната на голем број настапи на партиските функционери и претставници во Собранието. ЛДП уште во 2011-та година посочи на придобивките од воведувањето на радикална реформа во гломазните, неефикасни и скапи државни институции, што значи намалување на бројот на пратеници, кратење на министерства и спојување на институциите од слични сфери.

Потсетуваме, со ваквата реорганизација и рационализација на државниот апарат се добива оптимизиран и ефикасен државен систем, од кој бенефит ќе имаат граѓаните. Недозволиво е граѓаните да штедат, а политичарите и институциите да живеат во благосостојба.

Во Собранието, остануваме да се бориме за Македонија да стане една изборна едница со отворени листи за избор на советници за поквалитетни претставници на граѓаните, намалување на паушалите на членовите во управните и надзорните одбори во кои истите се екстремно високи и укинување на функцијата заменик директор.

Го потсетуваме Мицкоски, покрај мерките за намалување на бројката на пратеници, директори, укинување на заменици директори и членови на управни одбори, да размислува и на темата за воведување на една изборна единица на територија на целата држава. Со воведување на една изборна единица и отворени листи значително ќе се подобри и ќе се рационализира изборниот систем.

Затоа, го поздравуваме овој обид на владата која доаѓа. ЛДП, како современа и отворена партија на идеи, нема да бара благодарност туку доследност доколку се позајмат квалитетни решенија од нашите програми од страна на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што кога се работи за доброто на граѓаните, сите цели и напори стануваат заеднички“, се вели во соопштението на ЛДП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ