недела, 20 октомври 2024

ЛДП ќе организира референдум за смена на Данела Арсовска

Започнуваме граѓанска иницијатива за отповикување на градоначалниците преку измени на Законот за локална самоуправа и собирање на потписи за референдум. Она што се случува во главниот град Скопје е јасен знак дека мора да има механизам за отповикување на градоначалниците. Граѓаните не смеат да трпат заради неспособноста на локалните власти, вели Моника Зајкова, претседателка на ЛДП.

Објавено на

часот

Сподели

„Се наоѓаме во ситуација во која градоначалниците буквално можат да ги поминуваат своите мандати без реална одговорност и отчетност за (не)сработеното, а од тоа страдаат општините и граѓаните.  Оваа иницијатива ќе ја ја води ново основаната градска организација при ЛДП во Скопје, предводена од Филип Јакимовски. Се обврзуваме на активно учество во процесот на мапирање на проблемите во Скопје и на наоѓање на решенија. Нашата цел е да создадеме посилна, поспособна и проактивна локална самоуправа која ќе ги негува вредностите во градот. Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани да се приклучат кон оваа иницијатива, заедно да работиме на создавање на отворен и одговорен систем на локално самоуправување во Скопје и во целата земја“, напиша Зајкова на својот фејсбук-профил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ