„Прават видео со исечени реченици од мое интервју, го монтираат и пуштаат спонзорирано на Фејсбук. Еве се живи фатени. Се надевам после ова сериозно ќе размислат нивните донатори, пред се, од европските земји и останатите кои го финансираат дали треба да продолжат да финансираат создавачи на лажни вести со цел политички поени за СДСМ и ДУИ! Кој ‘борец против лажни вести’ спонзорира лажни вести на Фејсбук“, прашува Николовски во постот.
Богдан Илиевски денеска објави видео, како што наведува, спонзорирано клипче со манипулирана/фалсификувана изјава на Александар Николоски.
„Кликам да видам кој спонзорира, има телефонски број. Го внесувам телефонскиот број на вајбер за да видам дали има некој поврзан со тој број, а потпишан на Вајбер. Резултатот го имате во видеото. Мизерија“, објави Илиевски на Фејсбук.
На крајот од видеото може да се види бројот на редакцијата на Фронтлајн чиј главен и одговорен уредник е Дерала кој преку невладината организација „Цивил“ е еден од поборниците против лажните вести. Групата портали околу „Цивил“ главно се финансира од меѓународни донации.
Фејсбук води и официјална архива на спонзорирани постови од „Мицко Кочи“ и според неа до сега се спонзорирани над 110 различни постови. Најголемиот дел од спонзорствата се на сума под 100 евра, има дел платени меѓу 100 и 200 евра, и неколку, главно насочени против новинари, што се платени 500 и 600 евра. „Мицко Кочи“ на фејсбук досега се објавени 110 вакви видео клипови.