Кире Лазаров го скрати списокот на повикани ракометари за дуелите со Естонија и Литванија. На него го нема Филип Талески, а голманот и капитен Никола Митревски е во резервите, па ќе влезе само во случај некој од тројцата голмани пред него да го откаже настапот.