сабота, 26 октомври 2024

Лавров: Растот на БРИКС е показател на создавањето на мултиполарен свет

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави денес дека ширењето на БРИКС е јасен показател за создавањето на мултиполарен свет и наведе дека БРИКС активно работи на развој на платформа за плаќање во националните валути.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во тек е активна работа на спроведување на одлуките од самитот во Јоханесбург минатата година, особено во поглед на унапредување на монетарниот и финансискиот систем, развојот на платформа за пресметки во националните валути во меѓусебната трговија“, кажа Лавров на состанокот на министрите за надворешни работи на членките на БРИКС во Нижни Новгород.

Укажа дека ширењето на БРИКС е јасна потврда на процесот на создавање на мултиполарен светски поредок, пренесува Известија.

Рускиот министер оцени дека неодамнешните меѓународни настани ги тргнале маските од оние кои до сега вербално полагале речиси исклучиво право да ги дефинираат, како што наведе, таканаречните универзални вредности под маската на поредокот заснован на правила.

Според него, Соединетите Американски Држави и нивните сојузници не се откажуваат од обидите да ги сопрат и успорат процесите на формирање мултиполарност, а како оружје ги користат економските инструменти. Лавров смета дека улогата на БРИКС во решавањето на глобалните проблеми само ќе јакне и наведе дека поголем број земји покажуваат интерес за работата на БРИКС.

БРИКС е формиран во 2006 година, а членки беа Бразил, Русија, Индија и Кина, а подоцна им се придружи и Јужноафриканската Република. Египет, Иран, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Етиопија се придружија на БРИКС во 2024 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ