сабота, 2 ноември 2024

Лавров повика да се прошири Советот за безбедност на ОН

Објавено на

часот

Сподели

Рускиот министер за надворешни работи повика на проширување на Советот за безбедност на ОН за подобро да бидат претставени азиските, африканските и латиноамериканските земји и да ѝ се стави крај на, како што ја нарече, западната доминација во светот.

Поголем дел од светот не сака да живее според западните правила, рече Лавров денеска на брифинг со новинарите. Тој, исто така, ги повтори обвинувањата на Москва дека Западот, особено САД, се обидуваат да ги спречат Русија и Кина да дејствуваат независно во мултиполарен свет.

Лавров кажа и дека Русија ги евакуирала децата од сиропиталиштата во украинските воени зони. Во март Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Владимир Путин и рускиот комесар за деца, обвинувајќи ги за воено злосторство илегално депортирање стотици деца од Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ