вторник, 26 ноември 2024

Лавров: НАТО ги премина сите граници на пристојност

Северноатлантската алијанса ја премина границата на секаква пристојност, дозволувајќи си да дава изјави за можноста за превентивни напади на руска територија, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој денеска на состанокот на шефовите на безбедносните агенции и разузнавачките служби на земјите од ЗНД соопшти дека шефот на воениот комитет на НАТО, Роб Бауер, ги соопштил вистинските намери на Алијансата, кога кажал дека размислуваат за извршување превентивни удари против Русија во случај на можен вооружен конфликт, пренесува Тасс.

„Шефот на воениот комитет на НАТО отворено рече дека, за да се постигнат целите за заштита и одбрана на земјите-членки на НАТО, треба да се извршат превентивни напади врз цели во Русија кои, според мислењето на НАТО, може да претставуваат закана за земјите членки на Алијансата. Мислам дека тука нема што да се коментира. Тие ја преминаа границата на секаква пристојност и веќе јавно ги кажуваат своите вистински намери“, рече Лавров.

Претходно, на конференција во Центарот за европска политика во Брисел, шефот на Воениот комитет на НАТО, Роб Бауер, повика на производство на повеќе оружје за извршување на прецизни удари длабоко во Руската Федерација во случај на конфликт, наведе Тасс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ