сабота, 19 октомври 2024

Лајка: За кучињата, мачињата и другите животни стресни се петардите, доживуваат и срцев удар

Новогодишниот период иако е многу убав за нас е најстресниот период за животните, за кучињата и мачиња и особено за бездомните, велат од Лајка.Употребата на петарди и пиротехнички средства предизвикува не само физички повреди, туку и стрес, страв, психички шок, доживотни трауми и неретко смрт од срцев удар кај животните.

Објавено на

часот

Сподели

„Апелираме до граѓаните да бидат општествено одговорни и да се грижиме за бездомните животни, оваа година наместо да фрлите петарда, подадете храна на бездомно куче или маче. Граѓаните кои имаат домашни миленици да не ги шетаат без поводник, бидејќи звукот ги плаши кучињата и може многу лесно да избегаат и да завршат трагично“, нагласуваат од Лајка.

Законот за прекршоци против јавниот ред и мир во член 31 предвидува глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност за оној кој неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал, или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните, потсетуваат од претпријатието.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ