„Проекцијата на филмовите Барби и Разговарај со мене е забранета“, изјави претседателот на одборот за кино цензура Лафи Субаиеи, пренесе агенцијата Куна. Тој објасни дека властите можат да забранат се што го нарушува јавниот морал, јавниот ред и традициите со воведување на странски идеи во општеството.
Пред да ја донесат одлуката, властите побараа да се избришат некои непристојни сцени кои поттикнуваат неприфатливо однесување, рече тој, без да прецизира за што станува збор.
Министерот за култура на Либан вчера изјави дека побарал забрана за филмот Барби, велејќи дека тој промовира хомосексуалност, во услови на растечката анти-ЛГБТ реторика во една од најлибералните земји на Блискиот Исток.
Главниот дистрибутер на Кувајт во понеделникот објави дека властите го забраниле австралискиот хорор филм Разговарај со мене, во кој глуми небинарна трансродова актерка Зои Теракес, но експлицитно не го спомнува движењето за правата на ЛГБТ заедницата.