четврток, 24 октомври 2024

Курти ги повика граѓаните на Косово да не го величаат убиецот на српскиот полицаец

Премиерот на Косово Аљбин Курти ги повика денес граѓаните на Косово да не го величаат Фатон Хајризи, осомничениот за убиството на полицаец во Србија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ги повикувам граѓаните на нашата земја да не наседнуваат на еуфоријата на хероизација и романтизација на Фатон Хајризи“, кажа Курти по седница на владата.

Курти побара да се расветлат околностите, од бегството на Хајризи од затвор во Србија до неговото убиство, и додаде дека за такво нешто е потребна локална и меѓународна истрага.

На социјалните мрежи во последните денови се споделуваат постови за Хајризи со негови фотографии, проследени со изрази како „херој“ и „храбар“.

Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово потврди дека српските власти го убиле Фатон Хајризи на 19 јули.

Тој на 18 јули, според српските власти, во Лозница убил еден српски полицаец и ранил друг.

Хајризи претходно на 7 јули по деветти пат избегал од затвор на Косово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ