Димитров, која е по потекло од Кавадарци, претходно има објавено едно дело во електронска форма, како и печатени изданија на романот „Разголена душа”, стихозбирката „Мојот храм е внатре во мене” и романот „Шардоне и шпагети карбонара”.
Авторката открива дека во делото има автобиографски дел и дека куќата што била инспирација за книгата, навистина постои во Кавадарци. Отсекогаш и била мистична, мистериозна и се прашувала дали некој живее таму. Ссподелува дека книгата е посветена на нејзините две внуки од сестра, Клара и Бела.
Новинарката Мирјана Мукаетова вели дека најновата книга на Димитров раскажува за љубопитноста, пријателството, имагинацијата и мудроста што носи живот, сето тоа гледано низ призмата на едно детско око.
Поетесата Тодорка Андова истакнува дека станува збор за убаво, едноставно и лесно четиво, со возбудлива содржина.
„Авторката, со една префинетост, успешно не води без запирање, низ сите случувања и настани на главната личност во романот“, девојката тинејџерка Сара, додава Андова.
Осврнувајќи се на книгата, таа открива дека во неа се раскажува за Сара, која ја добила најубавата понуда од нејзината тетка, да се грижи одредено време за нејзината куќа, додека таа е отсутна поради престој кај својот син во странство со навестување дека куќата еден ден можеби ќе и припадне на Сара.
„И оттука започнуваат всушност случувањата и одговорностите со кои се сретнува Сара, додека тетка и е отсутна“, споделува Андова.
Таа додава дека предизвиците се големи за Сара и дека преку нив таа ја оформува својата личност, секојпат наградена, кога постапува онака, како што треба, според препораките од нејзината тетка.
Весна Крстева, професорка по македонски јазик и литература, вели дека е ова дело за вредностите во животот, а водителката Весна Синадиновска нагласува дека ваква книга заслужува и аудио издание.