сабота, 26 октомври 2024

Кривопаланчанец платил 1.500 евра за градежен материјал кој не го добил, полицијата трага по измамниците

36-годишен маж од кривопаланечко село вчера во полициската станица Центар, Скопје пријавил дека бил измамен за сума од 93.000 денари.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, завчера маж му се јавил на измамениот кривопаланчанец и му понудил градежен материјал, по што се договориле да го купи и да му го однесе на градилиштето каде што работи.

„Како што е пријавено, вчера пред градилиштето дошол камион со градежен материјал, а пристигнал друг човек, кој наводно работел за пријавениот измамник и на кој измамениот му ги дал парите. Исто така, според пријавеното, возачот на камионот што дошол со градежниот материјал одбил го растовари камионот зошто чекал да му биде платено, по што пријавувачот сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираа од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ