„Постои основано сомнение дека прво, второ и третопријавените во својство на службени лица–во два наврати, ги пречекориле границите на своите службени овластувања постапувајќи спротивно на член 196 од Законот за внатрешни работи, како и четврто и петтопријавениот во еден наврат, ги пречекориле границите на своите овластувања постапувајќи спротивно на член 196 од ЗВР при изработката на решенијата и целата постапка за оштетените О.К и Н.К, како службени лица односно одговорни лица во Министерството за внатрешни работи, односно иако знаеле или биле должни да знаат дека постапките кои се поведени, водени и разрешени со решенија донесени од второпријавениот, се во спротивност со член 196 став од ЗВР, односно дисциплинските престапи кои им се ставале на товар на оштетените биле со апсолутна застареност и не било потребно да биде поведена, одобрена, водена и разрешена постапка со донесување на решенија за суспензија и распоредување во рамките на МВР.
Со опишаните дејствија на оштетените пријавените им нанеле материјална штета во вкупна висина од околу 100.000 денари, како и друга нематеријална штета.
Очигледно во целиот случај, целта на МВР очигледно била на секаков начин да се наштети на оштетените и да престанат со синдикалните активности, како и по секоја цена Синдикатот на полиција во Македонија да биде згаснат.
Повеќе детали, на пријавените ќе им бидат прикажани откако ќе бидат повикани во ОЈОГОКК.
Го повикуваме Министерот за внатрешни работи наместо постојано да тера кампања на терен, да провери што му се случува во неговиот двор и како тоа највисокото раководство на МВР сторува кривични дела и конечно да земе метла и да го расчисти криминалот во своите редови.” се вели во соопштението од Синдикатот на полицијата.