понеделник, 21 октомври 2024

Кривична пријава за полицаец кој пукал на семејна веселба

По добиени информации дека вработен во Полициското одделение Петровец при СВР Скопје, извршил кривично дело предизвикување општа опасност, пукајќи на веселба во дворот од својот дом, полицијата денеска извршила претрес во домот на полицаецот В.И. во скопското село Синѓелиќ.

Објавено на

часот

Сподели

При претресот, како што соопшти МВР, е пронајдена пушка хуглу модел ХР 7, користена при кривичното дело и пиштол за светлосно звучна сигнализација екол, кои ги поседувал со дозвола и потврда за поседување на овој вид оружје.

„Известен е јавен обвинител од ОЈО Скопје, а В.И. е лишен од слобода. По насоки од јавен обвинител, против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело предизвикување општа опасност“, се наведува во соопштението на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ