понеделник, 25 ноември 2024

Кривична пријава за осомничениот што се обиде да го убие градоначалникот на Арачиново

СВР Скопје го расчисти случајот со обидот за убиство на градоначалникот на Арачиново од 1 април годинава. Откриен е идентитетот на сторителот на кривичното дело и против него до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје е поднесена кривична пријава за убиство во обид, информираше утрово МВР.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Оттаму откриваат дека се работи за 36-годишниот М.А. против кого вчера била поднесена пријавата до ОЈО Скопје, а по целосното комплетирање на службените материјали и извршените вештачења.

МВР потсетува дека обидот за убиство се случи на 1 април 2024 во скопското село Арачиново, кога беше пријавено дека кон градоначалникот на општината Ридван Ибраими и други вработени во општината, сега осомничениот од автоматско оружје испукал повеќе проектили додека тие вршеле увид во градежни работи. Во пукањето беа повредени Е.С. (39) и А.А.(22).

„Веднаш по добиената пријава, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, во координација со ОЈО Скопје, преземени се бројни оперативно-тактички и истражни дејствија, при што е утврден идентитетот на сторителот“, информира Министерството за внатрешни работи. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ