вторник, 22 октомври 2024

Кривична пријава против тројца полицајци за примање поткуп (ВИДЕО)

Полицајците од полициската станица Центар во Скопје Ф.Ѓ., Д.Ј. и Д.С. од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР добија кривична пријава поради сомневање за примање поткуп. Пријавата е поденсена до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција.
 

Објавено на

часот

Сподели

Тие се сомничат дека на 4 јули околу 23.00 часот на улицата „Даме Груев“ во Скопје, при вршење службени задачи побарале и примиле подарок за себе за да не извршат службено дејство, односно да не констатираат сообраќаен прекршок и на тој начин го нарушиле угледот на Министерството за внатрешни работи.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полициските службеници ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка, соопшти МВР.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ